Упатство за оценување на сопствените предности и слабости
Обезбедено од Business Owner's Toolkit, партнер на SME Toolkit
Бенефити: Приложениот документ ќе ви помогне да ги идентификувате вашите предности и слабости барајќи од вас да се оцените во неколку области кои се битни за вашиот мал бизнис. Знаењето на вашите предности и слабости е важно поради следново: (1) тоа може да ви каже дали сте подготвени за основање на мал бизнис (2) во одбирањето на новиот бизнис, може да ви помогне во одбирањето на бизнисот кој најмногу се совпаѓа со вашите знаења и вештини и (3) може да ви каже дали треба да размислувате за додавање на партнер кој ќе ви ги донесе вештините кои ви недостасуваат.
Опис на документот: Документот содржи 3 страни во rich text format (RTF). Бидејќи текстот е формиран како табела во Microsoft Word 6.0, потребна ви е Microsoft Word 6.0 верзија или понова за да го отворите овој документ.
Посебни карактеристики:
· Графички приказ на вештини кои се најбитни за основање и водење на нов бизнис
· Систем на рангирање за утврдување на вашите предности и слабости, како и скала за интерпретирање на вашите одговори, како на пример “вие сте спремни за основање на нов бизнис” до “вие треба да размислите дали водење на бизнис е она вистинското за вас”.