Поделба на пазарот на професионалци – бизнис корисници и крајни корисници – индивидуалци – ова е можеби првата работа која што задолжително мора да ја направите при определување на вашиот таргет маркет и дефинирање на вашата
Да речеме дека веќе сте ги имплементирале повеќето совети пишани во изминатите постови. Сметате дека вашата страница е професионално изработенa, со правилна употреба на сите потребни елементи, но сеуште се борите со конвертирањето на посетителите во клиенти. Зошто е тоа така? Ајде да проследиме неколку кратки совети коишто помалку или повеќе ни гарантираат зголемена стапка на
Сите коишто работат Интернет маркетинг се соочиле со предизвикот да користат Blackhat SEO. Идејата е да победите во битката со Интернет пребарувачите и да го постигнете своето место без разлика што се треба да направите за тоа. Ако Интернет пребарувачите сакаат густо оптимизиран текст, тогаш им даваме таков наместо оној кој е логичен. Ако тие сакаат линкови, тогаш ајде да ги купиме
Како еден од клучните елементи на Интенет маркетингот, оптимизацијата за Интернет пребарувачи останува да биде и најактуелна тема за обработка на блогов. Знаејќи ја потребата, а воедно и тешкотијата при успешно оптимизирање на вашите интернет страници, мојата колешка Биљана Пешевска сподели со нас дел од нејзиното знаење и ни ги објаснува главните разлики и сличности помеѓу платените кампањи и долготрајниот процес на оптимизација.
Имате Интернет страница на која доаѓаат многу посетители, но сепак вашиот профит стои во место? Тогаш сте одработиле само половина од вашата домашна задача. Успеавте да ја направите вашата страница позната, многу луѓе да ја посетуваат секојдневно, а потоа едноставно си одат. Имате уште работа тука. Доколку се занимавате со трговија на Интернет, главен параметар кој го мери
Една од клучните предности на интернет маркетингот секако е можноста за следење на интеракцијата во живо. Постојат голем број алатки кои нудат разни податоци за активностите кои ги преземаат вашите посетители со вашата содржина. Со експлозијата на социјалните мрежи и доминантната улога која тие сега ја имаат во поглед на канали за промоција и дистрибуција на содржина
Оваа тематика се преплетува скоро низ сите досегашни постови, затоа што можеби е она кон што сите бизниси тежнеат или би требало да тежнеат. Постот е превземен од Mashable, најголемиот извор на информации и новости поврзани социјалните медиуми и се останато што мене лично ме засега, а верувам и вас, и поради темата која што обработува е преведен за наши потреби. Токму како што таму наведува и како што веќе имаме кажано, за да можете
Го имаме како една од промовираните категории на блогов, често се спомнува на многу места, но што всушност се подразбира кога ќе се употреби овој термин? Неодамна работев еден труд токму на темава, здравје во некоја следна прилика се надевам дека ќе го спакувам за споделување, и токму тогаш разгледував неколку различни дефинирања на Social Media Optimization
Имате Facebook Page за вашата компанија или бренд? Почнете да се подготвувате за значителни промени. Facebook најави неколку нови правила за функционирање на овие страници, кои ќе мора да почнат да се применуваат многу скоро (се шпекулира дека тоа е веќе следниот месец).
Колку пати сте се двоумеле како да ја распоредите содржината и елементите на вашата страница? Колку пати сте се плашеле дали е тоа вистинскиот дизајн кој ќе ви ги донесе посакуваните резултати? Колку пати не сте можеле да се одлучите помеѓу два или повеќе дизајни или распоред на елементите на вашата страница?
Без разлика на кои мрежи е присутен вашиот бренд, секогаш велам дека вашето присуство таму мора да е со точно определена цел. Така и со Twitter. Доколку имате профил на Twitter, пред да решите да промените нешто, јасно дефинирајте ја целта на вашето присуство таму:
“Content is king” ( “Содржината е крал”). Оваа фраза сум ја слушнала илјадници пати и е неизоставен дел од секој семинар или друг настан поврзан со маркетинг. Не залудно е најповторувачката фраза на секој човек кој работи во полето на маркетингот, едно од топ 5 правила во неговиот речник
Како петти најкористен друштвен медиум, LinkedIn заслужува еден ваков пост кој ќе ви помогне успешно да го менаџирате вашето присуство таму. Прво и основно мора да сфатите дека ова не е Facebook. Внимавајте на кого ќе му дозволите да биде дел од вашата мрежа на контакти, а воедно и вие да бидете во неговата.
За жал мораше да налетам на негативен пример за да се измотивирам да напишам пост со неколку кратки и релативно едноставни совети кои неопходно мора да се почитуваат кога се планира и спроведува интернет кампања. Деталите на примерот: - реклама поставена на Facebook
Веб колачиња или cookies се текстуални фајлови кои веб серверите ги снимаат на хард диск на корисникот. Целта на овој малечок фајл е веб серверите автоматски да го идентификуваат прелистувачот при повторна посета и да ја следат навигацијата низ сајтот. Колачињата автоматски контактираат со веб серверот при секоја нова посета.
Во денешно време сите користиме голем број на сервиси (е-маилови, блогови, форуми и др.) кои од нас бараат користење на корисничко име и лозинка. Просечен интернет корисник може да има и над 5 кориснички имиња и лозинки кои секојдневно ги користи. Со цел да ја заштитите вашата приватност и да бидете барем малку сигурни дека вашите лозинки нема да бидат откриени на лесен начин од хакерите придржувајте се до следниве неколку совети:
Видеото е најпопуларниот нов формат за интернет маркетинг. Придобиваката на Клипмарт за минатата година од DoubleClick’s е што сега е во водечка позиција да ги надгледува трендовите на овој нов пазар. Тоа што следи е во дел од кампањите да има видео банер, а тоа би било во повеќе од 300 кампањи. Ваков тип на кампањи се поставени повеќе од 130 огласувачи за четири месечен период во 2006.
Се зависи од потрошувачот. Зголемување на производната линија, Нови и подобрени вкусови. Понекогаш зголемувањето на производната линија на еден производ, создавањето на повеќе вкусови на еден производ е дело на маркетингот. Тоа е дел зошто произведувачите и сервис провајдерите даваат информации на интернет за потрошувачите.
E-mail маркетингот е се повеке прифатен кај нас. Секојдневно добиваме на маил реклами од фирми кои ни ги нудат своите производи или услуги директно нам. Овој начин на маркетинг се покажа доста ефикасен, бидејќи повеќето од потрошувачите реагираат на ова. Добивате маил на којшто ви е објаснето се што треба да знаете за одредениот производ или услуга. А што е најважно тоа се однесува директно на Вас.
Полека, пребарувањето, онлине купувањето и социјалните мрежи како Facebook стануваат секојдневие на мајките. Тоа што сте родител сурфањето на интернет го прави неопходност. Истражувањата во Америка покажуваат дека 40% од жените кои го посетуваат интернетот, 35 милиони од нив се мајки со деца под 18 години.
Едно од најважните прашања кое ги мачи огласувачите при формирањето на оптималниот медија микс за некоја кампања е: каков е досегот и публиката на поединечен медиум, односно кој медиум е следен од соодветната целна група?
Зошто луѓето кликаат на банерите? И покрај тоа што бројот на кликовите (CTR = Click-through Ratio) се мери само со еден чекор во процесот на Интернет огласувањето, лесно може да се мери и да се споредуваат резултатите, што го прави најпопуларно средство за евалуација на ефикасноста на огласот. Луѓето кликнуваат на огласот (банерот) од најразлични причини. Некои од нив се: љубопитност, попусти и купони, но најважно е – ИНТЕРЕСОТ ЗА ОГЛАСУВАНИОТ ПРОИЗВОД.
Каква врска може да има вирусот со маркетингот? Со некои својства на вирус вистински може да се восхитуваме! Вирусот може да живее сокриен се додека не е толку обемен да победи со самата бројнот, а за да ја зголеми својата бројност се користи со ресурсите на домаќинот. Во соодветно окружување расте експоненцијално и едноставно се реплицира, повторно и повторно, геометриски зголемувајќи ја својата сила. Во пар вирусната популација може да експлодира.
Brand е име или симбол на некоја фирма, производ или услуги со кои се разликува останатите. Brand-от го идентификува и штити потрошувачот од обидот на конкуренцијата да ги прикаже своите производи идентични на нашите. Brand-от треба да се створи, а после тоа да одржи неговата стекната вредност. Стварањето е процес на поврзување на асоцијациите помеѓу симболите / објектите / емоциите / перцепциите и производите/претпријатието со цел да се изгради лојалност кој потрошувачите и да се диференцира од сличните.
За само десетина години Интернетот го помина патот од академска компјутерска мрежа за размена на информација до глобален комуникациски медиум кој денес го користат преку 600 милиони луѓе ширум светот. Во 1993 година огласите на Интернет не ни постоеле, а веќе во 2002 година потрошено е околу 6,5 милијарди УСД. Веќе неколку години просечните вложувања на огласувачите во овој медиум се околу 3% од нивниот годишен буџет. Сите овие бројки покажуваат дека овој медиум (освен како неизбежна комуникацискa и информатичка алатка) за многу кратко време се наметнува како нов огласен медиум потполно рамноправен со традиционалните медиуми како радиото, билбордите или печатените медиуми.
Денес не е редок случајот некоја сензационална вест објавена на интернет да го заобикои цел свет, да се објави во сите релавантни печатени медиуми и водечки ТВ станици, а само после неколку дена се дознава дека приказната е резулат на некоја бујна фантазија или смислена PR кампања за новиот производ.
Интернетот полека но сигурно освојува дел од маркетинг колачот. Сe повеќе огласувачи го воочуваат фактот дека нивната целна публикa е сe повеќе 'online' и дека таму може многу лесно да ја дофатат. Но ентузијазмот за огласување по пат на овој медиум честопати се сопнува на првата пречка – лош web site или дури и непостоење на web site позади банерите.
Стандарден огласен формат во online огласувањето е full banner, формат 468 x 60 пиксели. Првпат се појавил пред десетина години, на Интернет порталот на магазинот Wired. Од тогаш е најкористен облик на огласување, но помалку го истиснуваат нови, поатрактивни формати. Да ги погледнеме...
По периодот на стагнација предивикан од пропаѓањето на дел од dot-com претпријата Интернет огласувањето е повторно во подем во светот. Во САД бројките покажуваат дека додека остатокот на огласувачките медиуми расте со стапка од 7,7% годишно, Интернет буџетите растат со дури 29% годишно. Иако во процентот на вкупните буџети завзема само 4,3% Интернетот завзема дури 14% од 'медиумското време' на просечниот потрошувач. Истото и понатаму расте.
Туристичките агенции во светот одамна ја воочија предноста на маркетинг презентацијата на Интернет. Достапноста на огромна количина на информации, пребарувањето по различни критериуми, а конечно и резервирање и плаќање на аранжмани, го прави овој медиум поедноставен и побрз за користење. Како македонскиот туризам може да го искористи овој потенцијал за привлекување на купувачи?
Бидејќи Интернетот во последно време станува сe поинтересен медиум за поголемиот број огласувачи, за сите оние кои планираат рекламирање на Интернет, добро е да се знае за што треба да се води грижа за Интернет кампањата да биде успешна. Секој потенцијален огласувач треба прво да се праша, која е ЦЕЛТА на огласувањето на Интернет, бидејќи од тоа ќе зависи изборот на огласниот формат, креативното решение, медиа планот и буџетот.
Како што интернетот се повеќе станува интегрален дел на секојдневниот живот на потрошувачот, а мониторот на компјутерот почнува да завзема централно место во домаќинствата, а до неодамна тоа било резервирано исклучиво за телевизорот. Како што забрзано расте бројот на Интернет корисниците така се отвараат и нови можности за Интернет огласувањето.
Неодамнешното истражување спроведено од Европското здружение за интерактивно огласување (EIAA) за консумирање на медиумите покажало дека Интернетот се наоѓа на трето место и дека значително ги престигнало класичните печатени медиуми, новини и магазини.
Со оглед на забрзаниот пораст на Интернет корисници, чиј број неодамна стигна до 27%, расте и интересот на огласувачите за тој медиум. Бидејќи Интернетот станува составен дел на сe повеќе медиа стратегии, ќе објасниме на кој начин да се планира кампања на Интернет.
Како што е познато дека традиционално жените повеќе купуваат offline отколку мажите интересно би било да се знае дали истото важи и за online купувањето и до која мера Интернетот влијае на секојдневниот живот на корисниците и нивните навики.
Сe поголемата конкуренција, сe помалите разлики помеѓу производите резултира со сe помала лојалност на купувачите на некој бренд. Сe повеќе огласувачи посегнуваат по наградни игри и натпревари со цел да ја зголемат продажбата и зголемување на учинокот на своите огласни кампањи.