за насмаркетингконтактмапа на сајтот
Бизнис совети
Интернет
Мобилни решенија
Бизнис студии
Бизнис ресурси
Законска регулатива
Здрав живот
  

Здрав живот

Како да направите одлично кафе (2 дел)

Црно како ѓаволот, топло како пеколот, чисто како ангелите и слатко како љубовта.“
- рецепт за перфектно кафе според францускиот државник Талеран (1754-1838).



Во првиот дел од статијата наведовме некои од основните услови за перфектна шолја кафе. Сега ќе ги наведеме и другите предуслови за да го направите кафето кое го опишал Талеран.

ВОДА
Со оглед дека 99% од кафето е вода, станува јасно зошто водата е толку битна во овој рецепт. Избегнувајте вода директно од чешма, која е полна со минерали или е хемиски третирана со хлор, како и дестилирана вода. За најдобри резултати треба да се користи филтрирана вода.

ТЕМПЕРАТУРА И ВРЕМЕ
Најдобрата температура за подготвување кафе е помеѓу 92 и 96 °С. Точка. Ако водата ја подготвувате посебно, со помош на апарат за вода, по зовривањето на водата, оставете ја една минута за да падне малку температурата. Во зависност од методот на подготовка и начинот на мелење, кафето треба да е готво за 4-8 минути.

МЕРКИ
За да ја научите оптималната мерка (која може да има и субјективно значење во зависност од вашиот вкус), мора да поминете низ бројни обиди и грешки. Како и да е, основното правило е: една голема лажица кафе на ? голема шолја (околу 180 мл) вода. Некои ставаат и две лажици бидејќи сакаат побогат вкус. Некои попосветени љубители на кафето, ги мерат и зрната кафе на вага за да ја одредат оптималната доза. Останува на вас до каде ќе одите.

СЕРВИРАЊЕ
Кафето кое стоело во шолја 15 минути, загубило многу од својата вистинска арома, бидејќи природните масла кои го даваат вкусот испаруваат. Доколку гостите доцнат, тогаш налејте го кафето во термос, за да се сочуваат неговите карактеристики.

ЧУВАЊЕ
Најдобро е кафето да го сместите во пластичен сад кој добро се затвора, на темно место и на температура 10-21 °С. Но, ова важи само ако го чувате кратко време. Ако ви остане подолго време, подобро купете си ново.

Преземено од Гурман™ 

#


ПРЕПОРАЧУВАМЕ!

Речник на Интернет
маркетинг термини

by httpool.com.mk

ИНТЕРНЕТ ТОП ЛИСТА

Овозможена од Httpool првата интернет маркетинг агенција во Македонија, моментално брои 30 најпознати страни...

ПОИМ НА ДЕНОТ

Extramercial
      

Банер огласи поставени на екстра простор во десната страна на Веб страницата.

 КУРСНА ЛИСТА
  куповен продажен
EUR 61.3362 61.9526
USD 47.7919 48.2723
GBP 73.6152 74.3550
CHF 47.0261 47.4988

 

  
Бизнис совети
Сметководство и финансии
Бизнис планирање
Човечки ресурси
Маркетинг и продажба
Производство
Технологии
Бизнис вести
Инвестиции
Менаџмент
Интернет
Мобилни решенија
Windows mobile
Push mail
Бизнис студии
Владини
Останати
Бизнис ресурси
Формулари
Упатства
Правилници
Водичи
Законска регулатива
Закони
Предлог закони
Здрав живот